ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Решение за најчестите проблеми

Кликнете на синото копче „Помош“ долу десно за водена дијагностика.

Чести прашања

Безбедни проверки што можете да ги направите сами.

Немам интернет. Што прво да проверам?

Проверете дали рутерот има струја и дали свети црвено LOS светло. Рестартирајте го само еднаш и почекајте 3 минути.

WiFi сигналот е слаб во друга соба

Поставете го рутерот на отворено и повисоко место, подалеку од телевизор, метал и дебели ѕидови.

Интернетот е бавен

Паузирајте преземања, исклучете VPN и направете тест блиску до рутерот или преку мрежен кабел.

Што ако свети црвено LOS?

Не го вадете оптичкиот кабел. Јавете се на 074 224 228 за проверка на сигналот.

Проблемот останува?

Нашиот техничар ќе ја провери линијата.

074 224 228